Обвинетиот доктор Јусуф Сомнез, на кого му се суди за трговија со органи во приватната приштинска болница, побегнал од Јужноафриканската Република, изјави обвинителот на воени злосторства Владимир Вукчевиќ.
Поради тоа што не се признава правниот состав на Еулекс, оваа земја не реагирала на барањето за екстрадиција. ЈАР не го признава Косово и не можеле да го екстрадираат во непостоеќка држава. Кога обвинителот за организиран криминал Миљко Радисавлевиќ и јас ги добивме овие податоци, се обидовме да го спречиме неговот бегство, но веќе беше доцна, навел Вукчевиќ.
Обвинителот додал дека Сомнез во меѓувреме направил клиника за трансплатација на органи во една африканска држава.