Кај спомен обележјето кај селото Јеминовац и Шњегавиќ во Пожечко-славонската жупанија денеска е одржана комеморација на српските жртви од тие села убиени на 10 декември 1991 година.
На комеморацијата за 42 српски цивилни жртви присуствуваа и претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, како и официјални претставници на тој крај.
Откако положи венец пред спомен обележјето, Јосиповиќ разговараше со роднините и членовите на семејствата на убиените цивили, потсети дека се уште не се откриени извршителите на тоа злосторство и нагласи дека „полицијата ја работи својата работа“. – Да не се повтори, порача хрватскиот претседател.
На комеморативниот собир присуствуваа и амбасадорот на Србија во Хрватска Станимир Вукќевиќ и гебералниот конзул на Србија во Вуковар Живорад Шимиќ.
Заменик на пожешко-славонскиот жупан Мирослав Грозданиќ рече дека се ликвидирани 18 мажи и 24 жени и оти 16 жртви имале меѓу 70 и 86 години.
Во тој крај кон крајот на октомври 1991 година хрватските сили по наредба на кризниот штаб од Славонска Пожега спроведоа присилна евакуација на 26 српски села сместени во Пожешката котлина. Селата ги напуштија 2.120 лица.