Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е во тешка здравствена состојба, итно е хоспитализиран и поврзан со систем за одржување во живот.
Ивица Дачиќ (60) веќе неколку години страда од дијабетес и други сродни болести.
Според првичните информации, состојбата на Дачиќ ненадејно и нагло се влошила во последните неколку дена, а денес е примен во болница на лекување.
Добро информирани извори на „Информер“ велат дека на министерот за внатрешни работи му е дијагностицирана билатерална пневмонија и дека неговата состојба брзо се влошува во последните неколку часа. Се очекува министерот Дачиќ во болницата да го посетат неговите најблиски соработници, членови на Владата и претседателот Александар Вучиќ.
