Во следниот месец Босна и Херцеговина ќе добие позитивен став од европските институции, по што следи ратификација на Договорот за стабилизација и асоцијација, изјави денеска во Сараево претседавачот со Претседателството на БиХ Младен Иваниќ.
Иваниќ тоа го изјави по обраќањето на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини пред пратениците во Парламентот на БиХ, што ја усвои изјавата за европски пат на БиХ.
Според Иваниќ БиХ треба да работи на понатамошен напредок кон ЕУ и исполнување на условите за добивање на кандидатски статус, со што се добива и најголем можен извор на поддршка во финансиска смисла, пренесува Танјуг.
– За тоа да се случи, прво мора да се спроведат економски реформи, односно премиерите на ентитетите и претседавачкиот Совет на министри на БиХ ќе треба да се договори за нивната содржина, изјави Иваниќ, додавајќи дека се зависи од политичарите.
Според него по долго време е создадена позитивна атмосфера во БиХ и дека е можен чекор напред кон ЕУ.