„Итно продавам бубрег за да ги прехранам децата“

Од:

Самохран татко на три деца од Горно Вишче, во БиХ, поради тешката економска ситуација го продава својот бубрег.

Тој на зградата на Босанскиот културен центар објави оглас на кој пишува „Итно и поволно продавам бубрег за да ги прехранам своите три малолетни деца” и го оставил неговиот телефонски број.

На овој очајнички чекор бил принуден зашто од 31 март, кога морал да ја напушти работата, не заработил ниту еден денар.

„Морав да ја напуштам работата зашто Центарот за социјална работа сакаше да ми ги одземе децата и да ги смести во дом. Моите деца немаат никој освен мене да се грижи за нив. Сопругата ме напушти пред 13 месеци. Повремено им телефонира, но никогаш не им испратила ниту бонбона – кажува таткото, кој сам се грижи за 13-годишната ќерка и синовите од 15 и 9 години. Најстариот син дури го напуштил училиштето. Центарот за социјална работа ми ветуваше помош, но никогаш ништо не направија. Една приказна ми кажуваат кога ќе дојдам кај нив, а друго прават, раскажува разочараниот татко.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина