Истражување: Околу 19 отсто од младите во БиХ не прочитале ниту една книга

Од:

Повеќе од 60 проценти од младите во Босна и Херцеговина се невработени, а повеќето од нив на државата каде што се родени гледаат како амбиент што треба да се напушти и тоа засекогаш, објави „Политика“.

За тоа сведочат и долгите редици на младите луѓе пред амбасади во Сараево и Бања Лука.

Според истражувањето, спроведено со поддршка на германската фондација „Фридрих Еберт” во БиХ едно од пет млади невработени лица бараат работа повеќе од пет години, а повеќе од половина од нив во потрага се по работа повеќе од две години.

Во Студијата, во која беа опфатени млади од 14 до 29 години, се укажува на некои други катастрофални факти – речиси 19 проценти од младите во БиХ никогаш не прочитале книга, или 41 проценти од нив никогаш не биле во странство, а повеќе од 50 проценти од децата од сиромашните семејства имаат само основно образование.

Податоците кои најдобро ги илустрираат основните карактеристики на начинот на живот на младите луѓе во БиХ, кои за неколку години треба да бидат најпродуктивниот дел од општеството, е дека повеќето од нив ги користат социјалните мрежи како главен извор врз основа на кој тие ја формираат својата позиција за одредени општествени и сите други настани. Телевизија ретко се гледа, а весниците воопшто не се читаат.

Од војната БиХ ја напуштија 150.000 млади луѓе. Само во 2015 и 2016 година, според некои невладини и меѓународни организации, БиХ остави околу 80.000 свои граѓани, претежно млади луѓе, наведува „Политика“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски