Инцко зачуден од начинот на апсење на Будимир

Од:

Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина Валентин Инцко изјави дека е зачуден од начинот на кој полицијата го уапсила претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина Живко Будимир, осомничен за корупција.

Тој оцени дека апсењето било изведено „на несоодветен начин, речиси како претстава за телевизиските камери“.

– Малкусум зачуден од начинот на кој е Будимир уапсен. Мислам дека на местото на апсење имаше 20-30 камери и тоа е малку необично, изјави Инцко за федералната телевизија.

Високиот претставник нагласи дека Будимир, како и секој друг, треба да се третира како невин, се додека не се докаже спротивното во евентуалната судска постапка и дополни дека е важно надлежните тела да ја извршуваат својата работа.

– Според европските стандарди, кој и да е уапсен, сеедно дали е претседател или некој друг, тој се до моментот на судската осуда се смета за невин и има право да се брани, порача Инцко.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина