Инцко: Пред новите власти во БиХ претстои сериозна работа

Од:

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, го поздрави договорот меѓу политичките партии за формирање нови влади на државно и федерално ниво, истакнувајќи дека сега е време за сериозна работа.

Тој изрази жалење што повеќе од пет месеци беа загубени на разговори за поделба на позициите и нагласи дека сега не е време за „самобендисаност“ туку за сериозна работа, пренесе агенцијата Фена.

-Граѓаните очекуваат од владите да го надоместат загубеното време и да почнат да ги решаваат сериозните предизвици со кои земјата и нејзините граѓани се соочуваат, посебно во областа на враборувањето, владеењето на правото, борбата против корупцијата и напредокот на патот кон евроатланските интеграции, наведе Инцко, а соопшти неговата канцеларија.

Високиот претставник укажа дека сега, кога коалициските партнери се договорија за поделба на ресорите, крајно време е да се почне со вистинска работа, а тоа е служење на граѓаните.

-Доколку политичките партии бидат искрени во ветувањата дадени до граѓаните, досегашниот начин на водење на политиката во  БиХ мора радикално да се промени, а потребата на граѓаните за подобар живот мора да се стави пред интересите на политичките партии и политичарите, истакна Инцко.

Завршувањето на процесот на формирање власт во БиХ го поздрави и хрватскиот европратеник и потпретседател на Одборот на ЕП за надворешни работи Андреј Пленковиќ.

-Добро е што конечно се формира власта во БиХ, бидејќи тоа беше и своевиден апел од ЕУ по октомвриските избори, изјави тој за „Аваз“.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници