Во 2013 година можно е реално напредување на Босна и Херцеговина, изјави денеска високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко.
– Кога почна 2012 тоа беше година на надеж и нови шанси за БиХ. И навистина беше постигнат важен напредок. Усвоени се закон значајни за вашата европска иднина, усвоени се буџети и направени се големи планови. Меѓутоа, за жал, се плашам дека голем број граѓани на БиХ ќе гледаат на 2012 година со незадоволство кога станува збор за политиката, истакна Инцко.
Тој осврнувајќи се на 2012 наведе дека е година на пропуштени шанси, кои ја забавиле земјата на патот кон просперитетот, безбедноста и целосната интеграција во евроатлантските структури.
– Што се однесува на 2013 година јас избирам оптимизам. Регинот тргна напред. Во 2013 година БиХ и понатаму има шанса да напредува во ист правец како и соседите. Меѓународната заедница ќе направи се што е во нејзина моќ за да помогне во искористување на шансите. На пример, покрај шансата за приближување на ЕУ, имате и постојано отворена понуда од НАТО. Нема права причина сега да не се тргне напред, посочи Инцко.