Инцко: Неопходно е ЕУФОР да остане во БиХ

Од:

Постојаното присуство на Мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина е од витално значење за земјата во актуелните околности, оцени високиот претставник на меѓунароната заедница за БиХ, Валентин Инцко.

Во најновиот извештај за состојбата во БиХ, што треба да го претстави пред Советот за безбедност на ОН на 11 ноември, Инцко оценува дека присуството на ЕУФОР со неговиот извршен мандат им овозможува функционирање на Канцеларијата на високиот претставник и на другите меѓународни аганции, и воедно влева „голема доза доверба во граѓаните на БиХ во сите делови на земјата“.

Инцко оценува дека БиХ и натаму продолжува да стагнира и дека најголем проблем за тоа се опструкциите и нефикасноста на различните нивоа на власта.

– И онака тешката социјална и економска состојба во БиХ дополнително беше усложнета со катастрофалните поплави од мај годинава, кои предизвикаа штети поголеми од две милијарди евра, наведува Инцко во извештајот.

Тој смета дека конечно треба да се почне со решавање на натрупаните проблеми во БиХ за што ќе биде потребно босанските лидери да „престанат со досегашната пракса и да започнат со нов начин на водење на политиката“.

– Неуспехот на властите за ефикасна реакција на поплавите, постојаните оспорувања на Дејтонскиот договор и антидемократската изборна реторика претставуваат сериозни проблеми, наведува Инцко во извештајот.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници