Инцко: Нападот во Зворник е последно предупредување

Од:

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко, го осуди синоќешниот напад врз полициска станица во Зворник, истакнувајќи дека нападот, по тој во Бугојно и врз американската амбасада во Сараево, е „последно предупредување“.

Инцко во изјава за Федералната телевизија истакна дека не очекува дестабилизација на ситуацијата во БиХ, туку уште подобра соработка на полициските сили на федерално ниво.

Според Инцко нападот во Зворник има лош одек низ светот, но дека граѓаните мораат да бидат единствени, јави ФЕНА.

Еден полицаец синоќа е убиен, а двајца се повредени откако еден маж упаднал во полициската станица во Зворник и пукал. Според локалните медиуми нападот бил извршен од припданик на вахабиското движење, кој вооружен со автоматска пушка пукал врз полицајците.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници