Инциденти на протестот пред судот во Атина

Од:

Инциденти се случија пред судот во Атина, кусо откако беше соопштена одлуката дека Златна зора е криминална организација, а тензиите започнаа кога полицијата беше нападната со предмети и одговори со солзавец, шок бомби, но и со цистерна со топови вода за растерување демонстранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот беше масовен и веројатно ги надмина очекувањата, со оглед на тоа дека според процените на грчката полиција, учествувале нешто помалку од 20.000 лица.

На протестот под слоганот „Не се невини” учествуваа, здруженија, организации, но и политички партии.

Меѓу демонстрантите беше и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, врз кој во еден момент беше фрлена пластична чаша со кафе.

Делот околу судот беше под драконски безбедносни мерки, со ангажирани над 2.000 полицајци, хеликоптери и дронови, како и четири цистерни со топови вода за растерување демонстранти.

Безбедносните мерки беа строги не само пред судот, туку и во внатрешноста.

За новинарите да го следат рочиштето, потребна е специјална акредитација и ограничен е бројот на претставниците на медиумите, иако интересот е голем, како од грчките, така и од странските.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина