Едно лице загина, а седум лица се повредени, меѓу кои пет деца, во напад со нож во основното училиште „Пречко“ во Загреб, јавија ХРТ.
Според хрватските медиуми, состојбата во училиштето е драматична. Уениците и наставниците се во шок. Во училиштето има многу полиција и неколку амбулантни возила. На видео кое кружи на социјалните мрежи се гледаат луѓе како бегаат од зградата. Хеликоптер слета на училишното игралиште, а дел од повредените се во животна опасност.