Иконому: Грција ниту се застрашува, ниту се плаши

Од:

Тактиката на закани и провокации во кои се препушта Турција е апсолутен ќор-сокак, бидејќи Грција ниту се застрашува ниту се плаши, вели портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому истакнува дека грчката Влада постапува исклучиво имајќи ги предвид меѓународното право и националните интереси и додава дека „би било корисно турските власти да го земат предвид ќор-сокакот и да не продолжат по истиот пат во новата година“.

Писмената изјава на портпаролот на грчката Влада доаѓа откако шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, додавајќи дека одлуката на турскиот Парламент од 1995 година за ова прашање сè уште е на сила.

Во 1995 година, турскиот парламент усвои резолуција со која го карактеризираше грчкото проширување на постојните граници во басенот на Егејското Море како casus belli (причина за војна).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната