И Вујановиќ и Лекиќ прогласија победа на претседателските избори во Црна Гора

Од:

 Двајцата кандидати за претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ и Моидраг Лекиќ прогласија синоќа победа на изборите за шеф на државата, а дилемата за тоа кој во следните пет години ќе биде на чело на државата ќе ја реши Државната изборна комисија.

Вујановиќ изјави дека освоил 51,3 отсто од гласовите, е неговиот противкандидат Лекиќ 48,7 проценти. Лекиќ од своја страна тврди дека освоил 50,0 отсто, а Вујановиќ 49,5 проценти.

ДИК по завршувањето на гласањето не излегуваше во јавноста со резултати, а се очекува да се огласи откако ќе се обработи целото избирачко тело.

Вујановиќ и Лекиќ, откако ја прогласија победата на претседателските избори ги повикаа своите приврзаници да бидат трпеливи и да се воздржат од славење се додека ДИК не ги соопшти конечните резултати од гласањето.

ДИК, согласно законот е должна во рок од најмногу 36 часа по затворањето на избирачките места да излезе во јавноста со прелиминарни резултати, што значи дека најдоцна до утре во осум часот ќе мора да ги соопшти првичните резултати.

Вујановиќ, кој е претседателски кандидат на Демократската партија на социјалистите и актуелен шеф на државата, изјави дека неговата победа е чиста, но ги повика своите приврзаници сепак да ги почекаат резултатите од ДИК.

Според Лекиќ прогласувањето  на победата од страна на Вујановиќ претставува државен удар.

– Им порачуваме дека кражбата нема да ја признаеме. Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на провокациите на ДПС, нагласи Лекиќ.

Коалицијата на Лекиќ Демократски фронт соопшти дека нејзиниот кандидат води пред Вујановиќ со 50,5, во однос на 49,5 проценти.

На претседателските избори во Црна Гора гласаа околу 64 отсто од избирачите. Вчерашните избори беа шесттите од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, односно втори по стекнувањето независност во 2006 година.

Претседателската функција во голем степен има церемонијална улога, но и покрај тоа евентуалната победа на Лекиќ би претставувала сериозен удар врз популарноста на владејачката Демократска партија на социјалистите на Црна Гора, која е на власт над 20 години.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време