Наместо пролетни температури и зеленило, на планината Бјелашница во БиХ изутрината падна снег, а во другите делови на земјата врне пороен дожд.
Според информациите од Цивилната заштита, најзагрозена е Тузла каде се спроведува евакуација на населението.
Температурите во БиХ од изутринава се движат од два до 17 степени.