„И јас долго подготвувам вакво нешто“, ученик од Бихаќ најави масакр сличен на тој во Белград – училиштето со итно соопштение

Од:

Млад човек од Бихаќ, Ајдин Зулиќ, се закани дека подготвува крвав поход како тој што се случи во Србија, велејќи дека ќе ги убие учениците и вработените во Економското училиште во овој град!

Зулиќ кој е бивш ученик од ова училиште, преку социјалните мрежи објави страшни планови кои предизвикаа паника во градот.

Во објавата го нарекува малолетникот Коста, кој го изврши масакрот во Белград – Крал и додава дека планира сличен поход поради тоа што сите го избегавале и осудувале.

Веднаш следеше реакцијата на ЈУ на Мешовитото средно училиште во Бихач и соопштија дека нема потреба од паника и дека надлежните органи навреме реагирале.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина