Хрватска дозволи оплодување „ин витро“ и на лезбејки и на жени без партнер

Од:

Хрватскиот парламент денеска со убедливо мнозинство донесе закон за медицински потпомогнато оплодување, кој со месеци беше разгледуван и жестоко критикуван од опозицијата и Католичката црква.

За законот гласале 88 пратеници, 45 биле против, а двајца се изјасниле воздржано.

Според новиот закон секоја жена, независно во каква заедница живее, ќе може да изврши оплодување „ин витро“. Тоа се однесува и на лезбејските двојки и на жените без партнер, и покрај тоа што првичниот предлог бил законот да важи само за омажени жени или жени во вонбрачна врска.

Уште при внесувањето на предлог-законот хрватскиот министер за социјална политика и млади Миланка Опачиќ истакна дека тоа е „медицински закон, а не закон на еднополови заедници и секој што има проблем со неплодност, има право да ги користи сите можности гарантирани со законот“.

При разгледувањето на предлог-законот опозицијата предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) се изјасни против можноста жените без партнер да имаат право на оплодување „ин витро“. Католичката црква, исто така, го отфрли вештачкото оплодување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Хрватските ракометари слетаа во Загреб, ги чека преполниот плоштад Бан Јелачиќ

Земјотрес во Далмација