Хрватска: 30 дена притвор за мажот кој претепа и силуваше девојка

Од:

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Сплит му изрече 30 дена притвор на Д.К. од околината на Имотски, кој е осомничен за тешко кривично дело – силување со принуда на свиреп начин и нанесување тешки телесни повреди. Истрагата утврди дека Д.К. со метална цевка претепал девојка, па ја силувал

Откако полицијата го ослободила првоосомничениот и утврдила дека не е виновен за наведеното дело, продолжила да ги „чешла“ видео снимките. На снимките забележале сомнителен автомобил „опел“, па продолжиле да го следат на камерите на патиштата, за да го утврдат начинот на движење.

Како што пишува „Слободна Далмација“, жртвата го препознала осомничениот.

Како што информираат, осомничениот веќе има осудителна пресуда за тешка кражба, криумчарење дрога и мигранти.

Против него има активно обвинение, а тоа е дека додека бил во Туропоље оштетил автомобил на Министерството за правда или поточно автомобил на затворските чувари.

Би можело да ве интересира

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

Ја истепал и ја силувал во автомобилот на татко му, се бара пртивор за скопјанец

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче