ХРВ: Етничката дискриминација е клучна пречка во БиХ

Од:

Бета – Белград

Политичарите во Босна и Херцеговина сè уште не го укинале статусот на граѓани од втор ред за Евреите, Ромите и другите малцински групи, една деценија по одлуката на Европскиот суд за човекови права со која е утврдено дека Уставот на БиХ ги прекршува нивните права, соопшти денеска организацијата Хјуман рајт воч (ХРВ).

По оваа одлука, судот пресуди во уште три предмети дека Уставот на БиХ го крши правото на граѓаните да се кандидираат за јавни функции, меѓутоа ниту една од овие одлуки не е спроведена.

Проценките се дека 400.000 граѓани на БиХ, што е околу 12 отсто од населението, не можат да се кандидираат за функцијата претседател или член на парламентот заради својата вера, етничка припадност или место на престојување, се наведува во соопштението на организацијата со седиште во Лондон.

Уставот, исто така, на луѓето кои не сакаат да се изјаснат за својот етнички идентитет им забранува да се кандидираат за највисоките функции. Едно од лицата кои поднеле претставка до Европскиот суд е доктор, Бошњак, кој го преживеал геноцидот во Сребреница и кој живее во дел од земјата во која за член на тричленото претседателство можат да се кандидираат само босанските Срби, се додава во соопштението.

– Срамно е една европска држава да има Устав што веќе 24 години ги дискриминира своите граѓани, изјавува Клајв Болдвин, виш правен советник на ХРВ.

„Босанските власти треба да престанат приоритет да им даваат на интересите на главните етнички групи над еднаквите права за сите граѓани, како и да го изменат постојниот дискриминирачки Устав“, додаде тој.

Уставот, што го напишаа европски и американски правни експерти како дел од Дејтонскот мировен договор со кој во 1995 година беше запрена војната во БиХ, ги привилегира трите главни етички групи – Бошњаците, Србите и Хрватите, нарекувајќи ги „конститутивни народи“.

Кога станува збор за 17-те национални малцинства, меѓу кои се и Евреите и Ромите, Уставот ги нарекува „останати“ и им го скратува правото да се кандидираат за претседател или за Домот на народите, односно Горниот дом на парламентот. Се верува дека БиХ е единствената земја во светот што некои свои граѓани ги категоризира како „останати“.

Европскиот суд на 22 декември 2009 година пресуди дека Уставот на БиХ директно ги дискриминира малцинствата, не дозволувајќи им рамноправно да учествуваат во демократските избори.

Но, од оваа значајна пресуда до денес Уставот не е сменет, а минаа три изборни циклуси, спроведени врз основа на дискриминаторски Устав и Изборен законик.

Од овие причини ХРВ ја повикува меѓународната заедница, посебно земјите што учествуваа во постигнувањето на Дејтонскиот договор, да извршат притисок врз властите во БиХ да ја прекинат дискриминацијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски