Грозоморно и брутално убиство се случи денеска во босанскиот град Какањ, каде околу 10,30 часот маж првин си ја прегазил сопруата со автомобил, а потоа ја заклал среде улица. Тој по убиството сам повикал полиција, пренесуваат српски и босански медиуми.
Портпаролката на босанското МВР, Алдина Ахмиќ соопшти дека полицијата врши увид на местото на настанот и дека повеќе информации ќе бидат познати во текот на денешниот ден.
-Убиено е женско лице, а сторителот е приведен и се наоѓа во службените простории на полицијата, каде е испрашуван – изјавила Ахмиќ.
Според информации на очевидци, Амел Марушиќ на својата сопруга Насиха Марушиќ и нанел смртни повреди, откако првин ја удрил со автомобил, а потоа ја избодел со нож. Брачниот пар, кој биле заедно околу 6 години, имаат петгодишно дете, а во изминатиов период живееле одвоено.
– Човекот прво ја удри сопругата со автомобилот. Таа беше заедно со мајка и. Потоа излезе со нож во рацете и ја закла пред минувачите, пред мене, пред мајка и… Потоа со силни удари почна да ја удира по телото, иако таа беше веќе мртва – раскажала една жена која присуствувала на овој шокантен настан.