Холандија одговорна за смртта на тројца муслимани во Сребреница

Од:

Холандскиот врховен суд денеска пресуди дека Холандија може да се смета за одговорна за смртта на тројца муслимани во Сребреница во 1995 година.

Со оваа пресуда е потврдена претходната одлука на Апелациониот суд, кој пред две години оцени дека Холандија е одговорна за смртта на тројца муслимани по падот на Сребреница и нареди властите на земјата да исплатат отштета на нивните семејства.

Апелациониот суд одлучи дека Холандија е виновна за смртта на овие луѓе бидејќи холандскиот контингент на ОН не смеел да ги предаде на силите на босанските Срби.

Холандскиот Окружен суд во 2008 година заклучи дека Холандија не е одговорна за неуспехот на своите војници да ја заштитат енклавата во Сребреница во 1995 година, а обвинителството поднесе жалба на оваа пресуда.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он