Херцег Нови: Потона чамец

Од:

Приморската полиција во Херцег Нови, со помош на двајца граѓани, спаси повеќе лица меѓу кои и пет деца, на кои животите им биле загрозени, кога поради лошото време, потонал чамецот во кој се наоѓале.

Агенциите пренесуваат дека чамецот потонал кај островот Мамула и дека евакуацијата на загрозените се одвивала поединечно.

Според наводите на полицијата лицето А.И. дало значителна помош во спасувањето, така што пливало до загрозените и со помош на појас за спасување евакуирало едно по едно лице до полицискиот брод.

Сите патници, успешно се транспортирани до пристаништето во Жањица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски