ХДЗ нуди концепт за реорганизација на БиХ

Од:

Лидерот на Хрватската демократска заедници Босна и Херцеговина, Драган Човиќ денеска понуди сосема различен концепт за реорганизација на БиХ во однос на нејзината постоечка државотворна структура за да стане функционална заедница на три конститутивни народи – Бошњаци, Срби и Хрвати.

ХДЗ нуди модел на организирање на БиХ на три нивоа во кој средното ниво би го сочинувале четири федерални единици кои би биле политички и територијално дисфункционални, со што на конститутивните народи би им се овозможило сами да одлучат каде сакаат да живеат.

Човиќ наведе дека овој проект се однесува на реорганизација на цела БиХ, што подразбира и Република Српска, а граѓаните и политичарите на тој ентитет треба да одлучат дали ќе биде прифатено и во која формма.

– Верувам дека овој концепт во рамноправен дијалог со претставниците на другите два народа може да биде основа за решение, кое се поклопува со интересите на сите кои живеат на овие простори, но и на стандардите на демократска Европа во која сакаме да се зачлениме, посочи Човиќ.

БиХ е составена од два ентитета – Република Српска и Федерација БиХ, која е составена од десет кантони.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина