Хан: Од клучно значење е формирање на влада во БиХ

Од:

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан ги повика политичките лидери на Босна и Херцеговина да формираат владa на ниво на државата и во Федерацијата БиХ, додавајќи дека тоа е од суштинско значење.

– Ова мора да се направи без какво било одлагање, бидејќи не можеме да препорачаме да одиме понатаму во насока кон членство во ЕУ ако нема соговорници од власта. Затоа, ги охрабруваме сите политичари сега да работат на формирање на влада, порача Хан, потсетувајќи дека изборите се одржаа во октомври минатата година.

На прес-конференцијата во Брисел, тој потврди дека Европската комисија го усвои мислењето за кандидатскиот статус на БиХ, а потоа одлука треба да донесе Советот на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски