Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулер објасни дека денешните полициски акции во турските градови, а меѓу нив и во Анкара, биле насочени против терористичката организација Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (МЛКП) и се резултат на едногодишна истрага, соопшти турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Во рамки на операциите во Истанбул се приведени 62 лица, а во Анкара уште 23 лица, соопшти министерот.
– Операцијата е плод на едногодишна истрага на обвинителството против организацијата МЛКП, која учествуваше и во протестните демонстрации за паркот Гези во Истанбул, прецизира Гулер.
Медиумите соопштуваат за десетици уапсени во полициски акции во Истанбул, Анкара и Ескишехир.