Група демонстранти синоќа ја нападнаа регионалната канцеларија во Истанбул на главната опозициска Народнорепубликанска партија во Турција, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на електронското издание на весникот „Хуриет“.
Напаѓачите, кои скандирале пароли за поддршка на премиерот Реџеп Таип Ердоган, ги испокршиле прозорците на зградата.
-Бевме нападнати од 35-40 лица, кои фрлаа камења и дрва со повиците „Реџеп Таип Ердоган“. Групата се разбега откако забележа движење внатре во зградата, изјави пратеник на опозицијата, кој се наоѓал во канцеларијата за време на нападот. Тој прецизирал дека никој не е настрадан во нападот.
Заменик претседателот на НРП се обратил кон министерот за внатрешни работи, кој го уверил дека кон канцеларијата ќе упати дополнителни полициски сили.
-Тие се уште не се пристигнати, посочи пратеникот.
Во Истанбул и натамутраат локалните судири меѓу демонстрантите и полицијата, забележуваат агенциите. Силите за безбедност преземаат мерки за потиснување од плоштадот „Таксим“ на група агресивно настроени демонстранти.
Во текот на вчерашниот ден провокатори десетици пати се обидуваа да си пробијат пат до плоштадот, на кој се разместени неколку тимови на полициските специјални единици.
Според податоците на истанбулската адвокатска комора, во градот се приведени околу 350 лица.