Грција на чекор од банкрот

Од:

Грчкиот весник „Катимерини“ предупредува дека во почететокот на јули,во Грција ќе се рализираат редвидувањата и последиците од тешката економска криза која може да биде и крајно неповолна.

Разурнувањето е очигледно, а државата има недостиг од средства за исплата на плати и пензии, пишува весникот „Катимерини“ за моменталната состојба во Грција.

Оваа е резултат на долготрајниот предизборен период, политичката несигурност и пред се растечката закана за излегување на Грција од еврозоната.

Бизнисот на грчките компании со надворешни изведувачи не напредува откако осигурителите одлучија да не соработуват со Грција.

Паднати се и приходите во државната каса.

Целосен колапс се наоѓа и енергетскиот пазар, откако две енергетски компании ги затворија вратите поради неисплатени долгови.

Голем пад бележи и туризмот оваа година, а прогнозите на туроператорите се исклучително мрачни. Резервациите за Грција се намалени за 50 проценти.

По изборите, инвеститорите масовно ја напуштаа земјата, рекорден е бројот на затворени претпријатија, на чекор од банкрот се и државните болници, а се потешка е исплатата на пензии од осигурителните фондови.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он