Грција и Турција во битка за контрола на медицинскиот туризам

Од:

Грчко-турското ривалство во источниот дел на Егејското Море се префрли и во областа на медицинскиот туризам, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Весникот наведува дека Турција спроведува активна политика во областа на здравството со цел да привлече пациенти од Грција.

Претставници на турска приватна болница неодамна го посетиле грчкиот остров Лезбос, каде организирале бесплатни екскурзии до здравствена установа на спротивниот брег на Егејското Море. Пред околу еден месец е остварена првата екскурзија во која учествувале над сто жители од островот, а по неколку дена следела и втора посета на турската болница.

Турската иницијативата веднаш доби одговор од грчкиот остров Хиос, каде се наоѓаат голем број државни и приватни дијагностички центри. Преку туристички агенции островот почна со рекламирање на можноста на турските граѓани да добијат здравствен преглед во центрите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Грција

ВИДЕО: Масовниот убиец од Цетиње бил и помеѓу полицајците додека го барале

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието