Грција бара средба во Берлин, парламентот вели Германија должи 340 милијарди

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во вторник во Берлин најверојатно ќе се сретне со својот грчки колега Јанис Варуфакис.

Портпаролот на германското Министерство за финансии Мартин Јегер изјави дека на барање на министерот Варуфакис кој во понеделник ќе биде во Берлин на друг настан би можело да дојде до средба. Шојбле кој во понеделник не е во Берлин се уште бара термин за разговор. Варуфакис во Германија ќе пристигне со барање за разбирање на грчките проблеми но и со тешкиот товар од заклучокот на специјалниот комитет на грчката влада чии членови пред парламентарна комисија предочиле дека Германија на Грција и должи меѓу 280 и 340 милијарди евра воени репарации од втората светска војна. Според првиот човек на комитетот Панајотис Каракусис нема писмени докази дека Грција се откажала од барањето за репарации од втората светска војна.

За време на посетата на премиерот Ципрас на Берлин пред два месеци тој на канцеларката Меркел и рекол дека Грција има морална обврска да се расчисти долгот без да прецизира колку должи Германија.

Би можело да ве интересира

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ