Грчките медиуми не објавија дека е употребена придавката „македонски“

Од:

Медиумите во Грција засега не ја коментираат веста од Брисел дека Европската комисија во извештајот за Македонија, понуди предлог за преговарачка рамка за да се реши прашањето за името меѓу Македонија и Грција во раната фаза на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Грчката државна телевизија ЕРТ, пренесува дека еврокомесарот Филе изразил надеж дека ќе има позитивен одговор од Скопје за потпишување на Меморандумот за разбирање кој министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос му го испрати на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Медиумите објавија дека Европската комисија по четврти пат препорача почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ.
Електронското издание на „Нафтемборики“напиша „Европската комисија бара решавање на прашањето за името без одлагање“.

Во досегашните информации за извештајот на ЕК за Македонија, грчките медиуми избегнуваат да кажат дека во текстот е употребена и придавката „македонски“. Тоа засега го јави само ЕРТ, МИА побарала и коментар од грчкото Министерство за надворешни работи, но засега од таму нема никаков одговор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он