Грчките државни болници предупредени поради акција за донирање крв на „Златна зора“

Од:

Грчките државни болници се повикани на претпазливост во врска со акцијата за донирање крв која за сабота ја организира неофашистичката партија Златна Зора, јави дописникот на МИА од Атина.

Синдикатот на ваботените во државните болници го повика персоналот во болниците да спречат акцијата за донирање крв на неонацистите да се претвори во „славење на национална и расна чистота“. Во соопштението неонацистичката партија се осудува поради нејзината „фиксација на ваквите иницијативи и покрај негодувањето на општеството и професионалните институции“.

Околу 25 членови на Златна зора вчера насилно влегоа во општата болница „Никеа“ во Пиреја за да бараат имигранти кои се лекуваат таму, но персоналот ги избрка пред да дојде полицијата.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина