Грчки политичар од срцев удар почина на плажа на Халкидики

Од:

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на пратеничката група на Нова демократија, почина ненадејно на 59-годишна возраст откако доживеа срцев удар на плажа на Халкидики.

Како што објавија грчките медиуми, Везиропулос доживеал срцев удар во саботата, и иако брзата помош пристигнала брзо и го пренела во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, лекарите не можеле да го спасат.

Везиропулос беше долгогодишен пратеник од Иматија, а од април оваа година е генерален секретар на пратеничката група на Нова демократија.

Претходно, тој беше претседател на Постојаниот комитет за економски прашања на Парламентот, а од 2019 до 2023 година беше заменик-министер за финансии, задолжен за даночна политика и јавни средства во владата на Киријакос Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он