Грчки медиуми: Постои мрежа за следење чиј криминален мозок е Мицотакис

Од:

Постои една единствена мрежа за следење, која е криминален центар за демократијата, а криминалниот мозок е господинот Мицотакис, порача новинарот и издавач на весникот „Документо“ Костас Ваксеванис, откако вчера објави дека грчкиот премиер прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари јави дописничката на МИА од Атина.

Ваксеванис во придружба на неговиот адвокат Јанис Манѕуранис, претпладнево се сретна со обвинителот од Врховниот суд на Грција Исидорос Дојакос, а по средбата истакна дека станува збор за критични моменти за демократијата, а особено за правосудството, потенцирајќи дека постојат пет прелиминарни истраги за едно исто прашање и побара да постои една единствена истрага.

Весникот „Документо“ вчера објави листа со 33 лица кои преку софтверот „Предатор“ и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП, а Ваксеванис денеска посочи дека и двата вида на следења се поврзани со еден ист центар,а листата на прислушувани е долга.

Околу доказите, истакна дека постојат и ќе бидат доставени на соодветен начин, посочувајќи дека нема јавно да објави снимени разговори или разменети смс пораки, производ на прислушувањата бидејќи може да биде уапсен.

-Да ви кажам и околу доказите, како што му кажавме и на обвинителот, на господинот Дојакос, како што можете да разберете, бидејќи сте искусни, секако дека постојат докази. И на насловната страница на весникот објавивме четири смс пораки испратени до луѓето од листата кои биле следени. И овие четири пораки докажуваат прислушување, објасни Ваксеванис.

Адвокатот на Ваксеванис, Јанис Манѕуранис, кој е и член на централниот комитет на СИРИЗА рече дека она што беше вчера откриено во „Документо“ за следењето на министри од Владата, пратеници од опозицијата, издавачи, новинари и бизнисмени, „потврдува дека во земјата е воспоставен тирански режим“ и го повика обвинителтвото да реагира.

За текстот во весникот портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите уште еднаш повтори дека објавата не е поткрепена со документи, докази и податоци, но и дека ниту еден јавен орган во земјата не купила и не користи софтвери за следење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Најголемото оружје со кое располагаме е тоа што Грција е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје

Мицотакис: Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот

Мицотакис: Името Северна Македонија мора да се користи и внатре и надвор

Горан Наумовски

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името

Горан Наумовски

Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев

Грција: Партијата на премиерот Мицотакис освои најмногу гласови на изборите за ЕП