Грчката Влада се „пазари“ со „тројката“

Од:

Продолжуваат тешките и мачни преговори на Грција за неопходниот пакет за штедење.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас синоќа ги продолжи разговорите со „тројката“, но исходот не сакаше да го коментира.

„Катимерини“ од свои извори дознава дека Владата се надева дека  13,5-те милијарди евра што треба да се обезбедат од намалување на трошоците и зголемување на даноците ќе бидат утврдени оваа недела и одобрени од трите коалициски лидери на почетокот од следната седмица.

Премиерот Андонис Самарас е јасен  дека сака сите мерки да се договорат пред самитот на лидерите на Европската унија закажан за 18 октомври.

Стурнарас ќе се обиде да ја убеди „тројката“ дека наредната година треба да се спроведат мерки за заштеда на 7,8 милијарди евра, наместо девет милијарди како што бараат европските кредитори од  Грција.

На синоќешниот состанок, покрај фискалните мерки, се разговарало и за 89 структурни реформи кои Грција е обврзана да ги спроведе оваа година, како дел од планот за помош.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот