Грчка православна црква: Се спротивставуваме на руските притисоци

Од:

Грчката православна црква се спротивставува на притисоците на Руската црква, која повикува на разговор со цел да се спречи отцепувањето на украинската црква од Московската патријаршија, соопштија денеска претставници на Грчката православна црква.

Украинската православна црква сака да стане автокефална, односно да доби самостојност и за тоа побара поддршка од Вселенскиот патријарх, поглавар на Царигратската патријаршија и духовниот лидер на околу 250 милиони православни христијани

Во обид да спречи одвојување на украинската црква, поглаварот на РПЦ, патријархот Кирил, ги повика на разговор автокефалните цркви за да се разгледа ситуацијата во Украина.

– Грчката црква го разгледа писмото и одговорот ќе следи наскоро, рече анонимен претставник на таа црква.

Тој вели дека во одговорот ќе биде нагласена потребата за единство меѓу православните цркви.

Бугарската православна црква минатата недела го одби повикот на Руската православна црква.

Претставникот за печат на рускиот патријарх Кирил, Алексдандар Волков изјави на крајот на септември дека патријархот на Српската православна црква Иринеј со патријархот на Алексанадриската и Ерусалимската православна црква ја поддржуваат канонската Украинска православна црква на Московската патријаршија.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија