Грчите медиуми за случајот со таблата во Министерството за труд и социјална политика

Од:

„Димитров лут за министерката која го прекрши Договорот од Преспа – Реакција од Атина”; „Скопје: Во опасност Договорот од Преспа поради табла Република Македонија”; „Демарш од Атина до Скопје”; „Скопје: Турбуленции во Владата со таблата Република Македонија – реакција од Атина”; „Скопје: Провокативна постапка од министерката за труд”; „Лута реакција од министерот за надворешни работи на Северна Македонија за провокацијата од министерката во врска со името”. Тоа се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми кои ја пренесуваат веста за променетата табла во Министерството за труд и социјална политика, како и изјавата на шефот на македонската дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.


Речиси сите медиуми во Грција, го објавуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој детално се пренесени ставовите на министерот Никола Димитров од вчерашната прес конференција, како и рекцијата на Атина, која што не беше позната во Грција.

-Откако Договорот од Преспа стапи во сила (во февруари 2019) во сите министерства беа поставени натписи и табли со новото име на земјата „Република Северна Македонија”. Сепак, Мизрахи ја игнорираше оваа обврска на нејзината земја, како што произлегува од Договорот од Преспа и пред неколку дена во министерството со кое што раководи ја врати старата табла, пишува во текстот од АНА-МПА, што го објавува грчката телевизија АНА-МПА „Скај” на официјалниот сајт.


-Демарш до Владата на Северна Македонија од Атина, по постапката на техничата министерка за труд Рашела Мизрахи, која во министерството ја врати таблата на која името на соседната земја е заведено како „Северна Македонија”. Освен грчиот чекор, реакција имаше и од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, кој рече дека станува збор за „Флагрантно кршење на Уставот и законите”, пишува онлајн изданието на весникот „Нафтемборики”.

Целиот случај се најде и во синоќешните централни изданија на вестите на дел од грчките телевизии, а коментар стигна и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој побара официјална Атина да реагира.

– Владата мора да ја пријави во ОН, Рашела Мизрахи, министерката за труд на Северна Македонија, која доаѓа од сестринската партија ВМРО, за грубо кршење на меѓународното право и Договорот од Преспа. Исто така, веднаш да побара од ЕУ забрана за нејзин влез во сите земји членки, напиша Коѕијас на неговиот официјален „Твитер” профил.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите