Градоначалниците на Сараево и на Киев утре во Брисел ќе го потпишат Договорот за воспоставување пријателски односи

Од:

Градоначалниците на главните градови на Босна и Херцеговина и на Украина, Бенјамина Кариќ и Виталиј Кличко, в понеделник во Брисел ќе потпишат Договор за воспоставување пријателски односи.

Во документот, што стапува на сила на денот на потпишувањето, се вели дека градовите Киев и Сараево сакаат да развијат „плодна соработка во широк спектар на економски, културни, туристички, образовни и други области на взаемна корист и просперитет“.

Нагласено е дека Киев и Сараево заедно ги претставуваат европските вредности на демократијата, слободата и владеењето на правото и дека се посветени на човековите права, принципите на меѓународното право и промовирањето на мирниот соживот во Европа.

Кариќ ја прифати поканата на Кличко да учествува на состанокот „Киевски инвестициски форум“ на 28 ноември во Брисел, кој се одржува во Киев, но оваа година, поради руската агресија е преместен во Брисел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина