(ВИДЕО) Големо невреме во Црна Гора: Поплавени повеќе градови

Од:

Силно невреме зафати на повеќе места во Црна Гора, а во Херцег Нови наврнаа над 50 литри дожд на метар квадратен.

Над 50 литри дожд на метар квадратен наврнаа за кратко време во Херцег Нови, кои предизвикаа поплави во згради и јавни површини, како и одрони на патиштата, објави „Мондо,рс“.

Невремето предизвика и колапс во сообраќајот. Како последица на обилните врнежи, поплави имаше и во Стариот град на Будва. Поплавен е и тунелот Могрен на влезот во Будва од правец на Котор.

Шефот на Службата за заштита и спасување, Драган Божовиќ за „Вијести“ изјави дека пожарникарите од утрово имале повеќе од 20 интервенции во градот, по повиците на граѓаните дека водата им ги поплавила гаражите и приземјето.

Од комуналното претпријатие наведуваат дека работниците од работната единица „Чистота“ се на терен и со полни раце работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски