Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

Од:

Голем пожар избувна рано утрово во индустриската зона во Нови Пазар, пожарот зафати магацин со ткаенини, а се шири кон градската топлана, објави денеска локалните медиуми.

Како што е наведено, според последните информации од терен, пожарот започна во нов магацин, кој содржеше екстремно запаливи ткаенини за мебел, што предизвика пожарот брзо да се разгори.

Како засилување пристигнаа две противпожарни екипи од Крагуевац, како и уште една екипа од Краљево, јавува Танјуг.

Сите расположливи сили се распоредени на критичните точки со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот кон инфраструктурно важни објекти.

Нема информации за жртви, а материјалната штета е огромна.

Причината за пожарот засега е непозната.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски