Годишна конференција на ЕБРД во Истанбул

Од:

Во Истанбул денеска почнува годишната конференција на Европката банка за обнова и развој и деловен форум на тема иновации и инвстиции.

Ова е прв пат годишната конференција да се одржува надвор од традиционалните европски дестинации на ЕБРД.

Главна тема на собирот ќе бидат економските предизвици во регионот од Европа до северна Африка, каде банката во моментот е активна, а ќе стане збор и за различните методи за обновување на стопанскиот раст – со технолошки и финансиски инвонации, јакнење на конкурентноста, преку поддршка на динамичните мали и средни претпријатија.

Конференцијата ќе ја отвори турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Иако кризата во еврозоната и натаму има влијание врз економиите на земјите, во кои ЕБРД е активна и покрај тоа што пристапот до финансиските средства е се уште ограничен, Банката во 2012 година инвестирала 8,9 милијарди евра во 393 проекти.

– ЕБРД ќе вложи уште поголеми напори во тоа да им помогне на малите и средните претпријатија ширум регионот да имаат подобрат пристап до финансиски средства и да ја зголемат прекуграничната соработка, изјави претседателот на организацијата Сума Чакрабарти.

Тој додаде дека во овој период на континуиран слаб раст особено е важно за регионот да ги спроведува неопходните структурни реформи, а банката во тоа ќе ги поддржи.

ЕБРД е формирана во 1991 година со цел да им помогне на постокомунистичките земји на нивниот пат кон демократијата и пазарната економија. Банката во моментов е активна во 34 држави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски