Главчев: Со Македонија имаме компромис од 2022 година, тој е веќе европски услов потпишан од ЕУ

Од:

Бугарија го поддржува проширување на ЕУ со Западниот Балкан врз принципот на почитување на условите за прием во Унијата, изјави вечерва бугарскиот премиер Димитар Главчев при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

– Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската Унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.

Запрашан дали ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан при неговата посета на Софија, Главчев изјави оти „не му е познато дека ќе имаат средба, освен оваа во Брисел“, посочувајќи дека посетата е на поканата на бугарскиот претседател Румен Радев и сите прашања околу тоа за што ќе се разговара треба да се упатат на таа адреса.

Би можело да ве интересира

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Главчев: Бугарија нема да ги репреговара условите од договорот со Македонија

Главчев: Скопје и Софија треба да работат на намалување на тензиите

Главчев: Бугарија, Грција и Романија – јадро на балканската група

Наум Локоски