Муамер Ѓулер, турскиот министер за внатрешни работи, смета дека нападите во јужниот дел на градот Рејханли на турско – сириската граница се поддржани од Дамаск.
Според првичните сознанија извршителите се од внатрешноста н турција, изјави премиерот Аталај, додавајќи дека случајот не е поврзан со сириските бегали.
Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давитоглу, пак, од Берлин порача дека Турција има право да преземе секаков вид мерки во врска со нападите.