Ѓул: Турција вложува напори за да изгради подобри односи на Балканот

Од:

Турскиот претседател Абдулах Ѓул најави дека неговата држава ќе продолжи со напорите за нормализација на односите со БиХ и Србија, што вклучува и трилатерални состаноци на ниво на шефови на државите и министри за надворешни работи.

Пред состанокот со српскиот претседал Томислав Николиќ и членовите на претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ, Бакир Изетбеговиќ и Жељко Комшич во Анкара, Ѓул нагласи дека Туција вложува големи напори за да изгради подобри односи со Белград и Сараево.

-Приближувањето со Сараево и Белград допринесува за мир во регионот-изјави тој и додаде дека неговата држава ќе овозможи помош со сите напори и за иднина.

Според него посебно внимание ќе биде насочено кон соработката во стопанството, енергијата, образованието, културата, туризмот и земјоделството.

-Наша единствена цел е допринесување на мир, безбедност, стабилност и доверба на Балканот-нагласи турскиот претседател, додавајќи дека непријателството и предрасудите со кои е заразена историјата на Балканот треба да останат во минатото, а иднината да се гради на основа на пријателство, толеранција и соработка.

Самитот на претседателите на Србија, БиХ и Турција започнува вечерва во Анкара, додека за утре се предвидени трилатерални и билатерални разговори.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски