Ѓукановиќ: Суторина е црногорска територија, преодна Влада не е потребна

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека отворањето на прашањето на Суторина, односно границата со БиХ, најмалку може да и наштети на Црна Гора оценувајќи дека БиХ не ги почитува правилата и претходните договори до кои мора да се придржува.

– БиХ покажува отворени територијални претензии кон соседна држава и тоа може да има последици врз перцепцијата на регионот. Тоа не е добра порака кон инвеститорите, бидејќи ако тие читаат дека во 21. век се занимаваме со прашање на разграничувањето, тоа за нив не е воопшто инспиративно, порача Ѓукановиќ и потсети дека Бадинтеровата комисија ги утврди границите на поранешните југословенски републики.

Ѓукановиќ рече дека таа приказна е многу повеќе интерес на јавноста отколку што реално заслужува.

– Тоа не може да го забави нашиот европски и евроатлантски пат. Отворањето на ова прашање е многу деструктивно и неумно и може да произведе штети чија крајна адреса најмалку ќе биде Црна Гора. Тоа може да ја отвори, пред се, политиката на воспоставување поголема функционалност на БиХ, што е услов за нивниот евроатлантски и европски пат, рече премиерот на Црна Гора гостувајќи во емисијата „Одговорен одговор“ на Радио Црна Гора.

Ѓукановиќ нагласи дека меѓународната арбитража не може да биде без согласност на двете држави.„Не може никој да претпостави дека Црна Гора би дала согласност да се расправа за тоа“, наведе тој.

Црногорскиот премиер ја коментараше и иницијативата на опозицискиот Демократски фронт за преодна Влада која ќе ги организира новите избори, изјавувајќи дека на опозицијата и треба повеќе разум и рационалност во политиката.

– Тоа се случува во општества кои се во вонредни услови – војна, нефункционирање на политичкиот систем и тешки нарушувања. На Црна Гора не и треба ни преодна, ни Влада на национално единство, бидејќи имаме демократски избрана Влада која има легитимитет и функционира исполнувајќи ги основните цели, додаде премиерот.

– Опозицијата сака да го оствари својот недосонуван сон – да биде на власт без избори, бидејќи знае дека на нив нема што да бара, заклучи Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски