Ѓукановиќ: Приватизацијата во Црна Гора е законски спроведена

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека сите приватизации во Црна Гора се извршени во согласност со законот, како и дека обвинителството треба да спроведе проверка доколку при приватизацијата некој евентуално бил привилегиран.

– Сите приватизации во Црна Гора се спроведени согласно законот, односно транспарентно. Немам информации дека имало привилегии, а доколку имало, тоа е повик за државното обвинителство да почне истрага и одреди одговорност на секој службеник кој овозможил некој партнер да стане сопственик на државен имот, истакна Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ за телевизија Црна Гора нагласи дека некои инвеститори не покажале одговорност и компетентност, поради што државата нема никакви причини да биде толерантна кон нив.

Владата на Црна Гора има морално право да спроведе политика на преиспитување на одговорноста на секој од приватизациските партнери и без селективност да ја прекине довербата. Државата има простор со разни мерки да обезбеди реализација на таа цел и создаде услови со нови партнери да се отворат нови производства и работни места, истакна Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски