Ѓукановиќ непосакуван во Москва

Од:

Москва го одби барањето на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ да биде примен во Кремељ, соопшти директорот на Институтот за стратешки истражувања, Леонид Решетњиков.

Тој тоа го изјави во текот на состанокот со претставниците од државите на југоисточна Европа меѓу кои беа и функционери од црногорскиот опозициски демократски фронт, Милан Кнежевиќ и Душан Слијепчевиќ.

Во соопштението се наведува дека Ѓукановиќ во текот на оваа година барал прием во Кремељ, но добил негативен одговор.

-Со тоа и официјално е потврдено дека она што била јавна тајна во Црна Гора, а дека се влошуваат односите помеѓу Црна Гора и Русија-подвлече Решетњиков, критикувајќи ја надворешната политика на Ѓукановиќ.

Од ДФ е соопштено дека Решетњиков оценил дека односите помеѓу двете држави се на многу ниско ниво, поради желбата на црногорските власти за НАТО интеграциите.

Тема на состанокот со претставниците на државите од југоисточна Европа била да се пронајде модел за соработка со Русија и државите од овој регион.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време