Ѓукановиќ му ја честиташе победата на Милатовиќ: Нека е успешен и достоен на довербата

Од:

Кандидатот за претседател на ДПС, Мило Ѓукановиќ, вечерва му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ. Тој рече дека сака новиот претседател да биде успешен и достоен за довербата на граѓаните.

– Црна Гора избра. Јас не сум нејзин избор. Го почитувам изборот. На претседателот му посакувам да биде успешен затоа што така ќе биде успешна Црна Гора. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми веруваа. Сите овие 30 години. Еднаш тие гласови беа доволни за мнозинството, за жал во овој момент не се, рече Мило Ѓукановиќ.

„Горд сум на огромната поддршка што ја добив во областите каде што мнозинството се малцински народи. Сакам особено да им се заблагодарам на луѓето кои дојдоа во Црна Гора да гласаат иако живеат некаде подалеку.

Мислам дека сега е многу важно Црна Гора да ги одржи следните избори, оние закажани за јуни, парламентарните избори.

Некогаш победуваш на избори, некогаш губиш. Мислам дека покажавме апсолутна одговорност кон народот на Црна Гора. Што се однесува до мене, граѓанска, мултиетничка, демократска Црна Гора останува мојата љубов и на што ќе бидам посветен до крајот на мојот живот.

Ќе се обидам да ја работам мојата работа на најдобар можен начин до крајот на мандатот. Ја прифаќам оваа проценка на демократската јавност на Црна Гора и и посакувам на Црна Гора се најдобро и новиот претседател да придонесе за натамошниот економски и демократски просперитет на нашата земја“, додаде Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала