Ѓукановиќ го распушти Парламентот на Црна Гора

Од:

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска го распушти парламентот откако истече рокот од 90 дена во кој мандатарот Миодраг Лекиќ требаше да формира нова влада.

Според црногорскиот закон, Ѓукановиќ е должен да распише парламентарни избори ден по распуштањето на парламентот, кои мора да се одржат најдоцна 80 дена од датумот на распишување на изборите.

Миодраг Лекиќ, кој го доби мандатот за состав на новата црногорска влада врз основа на неуставен закон, на почетокот на неделата им пријавил на лидерите на партиите што го предложиле за мандатот дека го нема потребното мнозинство и дека му недостига поддршка од тројца претставници на Обединетата реформска акција (УРА) на актуелниот премиер Дритан Абазовиќ.

Седум кандидати за претседателските избори

В недела во Црна Гора се одржуваат претседателски избори на кои учествуваат седум кандидати.

Покрај Ѓукановиќ, кој е кандидат на Демократската партија на социјалистите, кандидати се и лидерот на просрпскиот Демократски фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, претставничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, претседателот на Демократите Алексе Бечиќ, Јаков Милатовиќ од Движењето Европа сега (ПЕС), лидерот на Обединетите на Црна Гора, Горан Даниловиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски