Ѓукановиќ: Динамиката за членство во ЕУ е над очекувањата

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека до крајот на годината треба да се очекува земјата во преговорите со ЕУ да отвори уште 11 поглавја и оцени дека квалитетот и динамиката за членство во Унијата се над очекувањата.

Тој порача дека Црна Гора со добро темпо се движи во правец на остварувањата на дефинираните надворешно-политички цели.

– Отворивме 12 поглавја, а две привремено ги затворивме. Меѓу нив се и поглавјата 23 и 24, што значи дека од првите денови на преговорите сме во најчувствителната фаза од овој долгогодишен и суштински процес на воспоставување вредносни стандарди, истакна Ѓукановиќ.

Црногорскиот премиер додаде дека државата продолжува да ја зајакнува преговарачката структура и се подготвува за отворање на уште шест поглавја, за кои се предадени преговарачки позиции.

Според него, во финална фаза на подготовки се и преговарачките позиции за уште пет поглавја, со што Црна Гора ќе ги исполни условите за нови 11 поглавја до крајот на годинава.

Ѓукановиќ односите со соседите ги оцени како „никогаш подобри“, потенцирајќи дека Црна Гора важи за фактор на стабилност во регионот.

Црногорскиот премиер нагласи и дека неговата земја е издвоена од останатите држави кои се кандидатки за членство во НАТО, додавајќи дека одлуката на Советот на министри ја доживуваат како охрабрување да се продолжи со исполнување на предусловите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски